Официјално: Џака го продолжи договорот со тимот на Арсенал

Швајцарскиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Гранит Џака го продолжи договорот со клубот на топчиите.

25 годишниот фудбалер се обврза на повеќегодишна соработка со Арсенал, а во сезоната што измина настапи на сите 38 натпревари во Премиер лигата.

„Пресреќен сум што Гранит го продолжи договорот со нас. Тој е важен член во нашиот состав и е се уште млад па може уште да напредува овде. Се надевам ќе има успешно Светско првенство со Швајцарија и ќе се врати кај нас подготвен за новата сезона“- коментираше Унаи Емери за клупскиот сајт на Арсенал.