Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Се одиграа пет натпревари од 31-во коло во Премиер Лигата.
Манчестер Јунајтед ремизираше против Евертон на Олд Трафорд, 1:1.
Во 22-ра минута Џагелка му донесе водство на карамелите. Блинд шутираше од слободен удар, но Роблс фантастично одбрани. Ерера потоа ја погоди пречката.
На почетокот на второто полувреме Погба шутираше со глава и ја погоди пречката. Пред крајот на натпреварот Вилијамс играше со рака во казнениот простор и доби црвен картон. Златан Ибрахимовиќ ја намести топката на белата точка и ги постави конечните 1:1.
Ibrahimovic penalty Manchester United 1 – 1… by taftadarka2016
Манчестер Јунајтед по освоениот бод ќе остане пети.
Лестер на Кинг Пауер го победи Сандерленд, 2:0.
Двата погодоци беа видени во второто полувреме. Прво резервата Слимани постигна погодок со глава за водство на лисиците.
Islam Slimani GOAL HD – Leicester 1-0… by claytonashurst
Конечните 2:0 ги постави Варди десетина минути пред крајот на натпреварот.
Jamie Vardy Goal HD – Leicester City 2-0… by LiveGoalsTV
Лисиците после денешната победа се искачија на десетата позиција.
Во останатите натпревари Барнли минимално го совлада Стоук, 1:0, a Вотфорд со 2:0 го победи ВБА.