Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Игор Пенов и официјално ќе ја започне сезоната во МЗТ Скопје откако стави потпис на соработка со клубот предводен од Александар Тодоров.
Станува збор за отворен договор кој ќе му овозможи на искусниот кошаркар да го напушти клубот доколку добие понуда од странство или некој домашен клуб, секако по претходен договор со управата на „Металците“.
За Игор Пенов ова е трето враќање во таборот на МЗТ Скопје откако претходно играше во клубот од 2004 до 2006 година, а потоа и од 2010 до 2012 година. Во својата кариера покрај МЗТ, Пенов има настапувано и за АМАК СП, Вардар осигурување, Кожув и Карпош Соколи.