Пеп Гвардиола исфрли жива лигенда на Сити од екипата за Лигата на шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот менаџер на Манчестер Сити направи список на фудбалери на кој се наоѓаат тие кои ќе имаат право за настап во Лигата на шампионите.

Ништо тука не беше чудно, што Гвардиола од списокот изостави еден од најдобрите фудбалери од екипата и човек кој сам е заслужен за најмалку 50 % од победите на оваа екипа во претходните неколку сезони.

Јаја Туре нема да игра за Манчестер Сити во Лигата на шампионите, а судејќи по се, слабо дека Пеп Гвардиола ќе го користи и во Премиер лигата.

Никој сеуште не знае поради што шпанскиот стручнак се одлучи на ваков потег, посебно после што Туре не му дозволија да го напушти клубот од Итихад.

Да потсетиме, Јаја Туре во Манчестер сити стигна од Барселона во 2010 година, каде што го водеше баш Пеп Гвардиола, и стана далеку најважен фактор на играта на тимот кој освои две титули шампион на Англија.