Пепе го раскина договорот со Бешикташ, но пред да замине – ги воодушеви вработените во клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот португалски фудбалер Пепе реши да го раскине договорот со Бешикташ, иако имаше соработка до крајот на сезонава.

Пепе во Бешикташ стигна минатото лето од Реал Мадрид и беше еден од најстандардните фудбалери во екипата, но на изненадување на многумина реши да го напушти клубот.

Турските медиуми објавија дека двете страни договориле разделба поради финансиски проблеми.

Португалецот беше еден од најплатените фудбалери на Бешикташ со плата од околу пет милиони евра годишно, но тие повеќе не можеа да го плаќаат.

Сепак, пред да замине Пепе направи фантастичен потег затоа што ги изненади вработените во клубот. Тие исто така немаат добиено неколку плати, а Пепе од свој џеб им ги плати долговите.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид сега е слободен и ќе видиме каде ќе се пресели во јануари.