Пепе се сели во Премиер лигата

Како што пишуваат медиумите во Англија, од таборот на Вулверхемптон се подготвени да го ангажираат фудбалерот на Бешикташ, Пепе.

35 годишниот фудбалер кој има 99 настапи за репрезентацијата на Португалија и беше редовен и на годинешниот Мундијал е проценет на околу седум милиони фунти.

„Бирмингем Мејл“ пишува дека Вулверхмептон ќе му понуди 80.000 фунти неделна плата на искусниот дефанзивец, сума која тешко се одбива.