Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Андреа Пирло вчера во друштво на главниот скаут на Јувентус и десната рака на Мората, Паратичи го следеше натпреварот на јуниорската екипа Печелто, а на теренот беше синот на легендарниот Пирло, кој се вика Николо.
Николо има 15 години, а од лето ќе стане член на „бјанконерите“.
Како што пишуваат италијанските медиуми, тој ќе потпише договор со тимот до 16 години и ќе ги продолжи чекорите на неговиот татко. Роден е во 2003 година и го носи бројот 8.
„Потсетува на мене, технички е одличен, потребна му е борбеност. Иако најважно се забавува додека игра, го сака фудбалот, а тоа е сега најважно“, вели легендарниот „Моцарт“.
Тој ќе биде на трибините вечерва и ќе го следи натпреварот на Јувентус и Џенова.