Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Милан, Карлос Бака повторно се скара со Монтела.
Овие двајца во текот на цела сезона се во слаби односни, односно фудбалерот вчера полуде откако Монтела го замени на 15 минути пред крајот.
Бака веднаш го праша тренерот:
„Зошто секогаш јас?“
Монтела тврди дека не забележал ништо кај фудбалерот.
„Не забележав ништо, но играчите кои ќе бидат заменети, тоа е веројатно поради нивната слаба игра, а не е до тренерот. Треба да го прашате Карлос кој му е виновен.“
Бака постигна 8 голови на 16 натпревари оваа сезона, но постојано се зборува дека ќе замине од тимот.