Погба се препороди: „Бев во сенка…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пол Погба игра како препороден откако Мурињо замина од Јунајтед.

Овој француски фудбалер за време на менаџирањето на Мурињо беше под големи критики поради слабите игри а во неколку наврати се најде и на клупата, меѓутоа денес тоа е минато.

Колку добро му оди на Јунајтед под водство на новиот тренер, толку подобро игра и самиот Погба кој постигна четири погодоци откако е Мурињо заминат. Во декември беше прогласен и за играч на месецот. Конечно личи на играч од 100 милиони евра.

„Пред доаѓањето на Солскер бев во сенка и седев на клупата. Со тоа се помирив, но сега ми е драго што повторно можам да играм. Сега секогаш се смеам“, изјави Погба кој има само пофални зборови за новиот тренер.

„Солскер навистина добро работи. Бил играч на Јунајтед и го знае добро менталитетот на овој тим. Се врати за да ни помогне и му оди навистина добро“, додаде Погба.

Манчестер Јунајтед моментално е на шестото место во Премиер лигата со 41 бод.