Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот голман Петр Чех и во наредната сезона ќе го носи дресот на Арсенал.
Така барем тврди неговиот агент Виктор Колар, кој е убеден дека одличниот голман и наредната сезона ќе биде прв избор во Арсенал.
„Позицијата на Петр е сигурна и тој нема да замине од клубот. Сигурен сум дека ќе остане до крајот на договорот во Арсенал. Тој е сериозен човек и сака да се докажува.“
Како можна замена за голманот, се споменува Џо Харт, како и Хуберт и Пикфорд.
Чех стана член на Арсенал во 2015-та година кога стигна од Челси за 10 милиони фунти, а додека го носеше дресот на Челси освои апсолутно се.