Покетино сакаше во Мадрид, но Реал се откажа!

Вистински човек во погрешно време затоа што не можеа да се договорат со претседателот на Тотнем, Даниел Леви.

Реал го познава добро Леви, бидејќи од Тотнем ги купи Герет Бејл и Лука Модриќ, но овојпат не можеа да се договорат за Маурицио Покетино.

Аргентинецот сакаше да се пресели во Реал, но пред една недела потпиша петгодишен договор со лондонскиот клуб и тоа ја „закочи“ работата.

Сепак, „кралевите“ имаат алтернативи, па во моментов преговараат со Наполи за Маурицио Сари.