Поклон за 119. роденден на минхенскиот великан: Лукас Хернандез е нов играч на Баерн!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Навивачите на минхенски Баерн добија навистина фантастични вести за 119. роденден на саканиот клуб.

Според информациите до кои дојде Билд, Баерн договорил рансфер со францускиот репрезентативец Лукас Хернандез од Атлетико и овој одличен дефанзивец ќе ги засили редовите на баварскиот великан.

Хернандез е голема желба на Баерн, а клубот проба да го доведе уште во јануарскиот преоден рок, но сепак беше одлучено да се почека до летото.

Баварците го ангажираа агентот Џовани Бранчини кој претходно беше посредник при доаѓањето на Пеп Гвардиола и Лука Тони во Минхен, а и сега очигледно заврши одлична работа.

Атлетико од трансферот ќе добие 80 милиони евра, а Баерн ќе добие одлично заслување.

Оваа сезона тој настапи на 22 натпревари за Атлетико, а постигна и еден погодок.

Со репсрезентацијата на Франција ја освоија титулата прваци на светот, за репрезентацијата на Франција има одиграно 15 натпревари.