Пол два месеци надвор од терените


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клиперс соопштија дека Крис Пол ќе оди на операција.

Пол ќе ги оперира лигаментите на палците, а се очекува да биде надвор од теренот помеѓу 6 и 8 недели.

На 36 натпревари оваа сезона тој во просек постигнуваше по 17.5 поени, 9.7 асистенции и 5.3 скокови.

Треба да се каже дека НБА лигата ја предводи по бројот на украдени топки, односно 2.25 по натпревар.