Поранешен првак на Европа очаен бидејќи останува без стадион

ФЦСБ или некогашна Стеауа од Бурурешт, поранешен првак на Европа се наоѓа во проблеим поради стадионот.

Градските власти во Букурешт одлучиле да го затворат Националниот стадиот, а таа одлука ја потпишала и градоначалничката романскиот град Габриеал Фиреа.

Поради очајната состојба на тревата, таа одлучила да се затвори стадионот на два или три месеци, а таа одлука може и тоа како да му наштети на некогашниот великан.

Екипата на ФЦСБ своите натпревари во првенството ги играше на овој стадион, а сега ќе мора да пронајде друго решение.

Во клубот сметаат дека тревната подлога може да се замени за 10тина дена, но градските власти веруваат дека е потребно подолго време.

Инаку овој стадион ќе биде домаќин на неколку натпревари на следното Европско првенство, а на него минатиот месец репрезентацијата на Романија ја угости Србија во рамките на Лигата на нации..