„Постои дел од мене кој сеуште сака да остане во игра“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Лампард е слободен играч откако му заврши договорот со Њу Јорк Сити.

Сепак, Лампард нема намера да замине во пензија, туку сака да одигра уште неколку месеци во ПЛ.

„Постои дел од мене кој сака да остане во игра. Не знам зошто, но едноставно сметам дека треба да го направам тоа. Не сакам да заминам и подоцна на себе ќе си каќам дека едноставно требало тоа да го направам.“

„Засега имам неколку понуди од ПЛ. Фактот е дека по толку години во Челси и една сезона во Сити, не сакам да играм во тим кој ќе се бори за опстанок. Само сакам да ја донесам вистинската одлука. Не можам да бирам на 38 години, но ако дојде вистинска понуда, кој знае?“

Лампард во текот на кариерата има играно за Вест Хем, Челси, Сити и Њу Јорк.