Почна и подводната истрага: Сала се уште исчезнат, но надеж има…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала и натаму не е пронајден, како и пилотот Дејвид Иботсон.

Тие двајца се водат како исчезнати, но шансите да преживеале се минимални, речиси па и ги нема.

Пронајдени се седиштата од авионот во близина на Суртаинвила на полуостровот Котентин, се поголеми се шансите Аргентинецот заедно со пилотот да завршил во Ламанаш, па денес започна и потрагата под вода.

Планот е да се прегледа просторот од 4 милји квадратни, што е повеќе од 10 квадратни километри.