Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Вардар го одиграа и петиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија.
Денес го победија Анжи Махачкала со 2:1.
Во првото полувреме не беа постигнати погодоци. На почетокот на вториот дел Георгиевскиј му донесе водство на Анжи.
Вардарци израмнија во 71-ва минута со фантастичниот погодок на Којашевиќ.
Конечните 2:1 ги постави Којашевиќ кој го постигна вториот погодок на натпреварот во 86-та минута.
Ова беше прва победа за Вардарци на подоготвките во Анталија после три порази и едно реми. Следниот натпревар на Вардар е на 8-ми февруари против Локомотив Пловдив.