Проблемот на Интер е внатре: Можеме да го купиме Роналдо, но екипата е поделена во кланови…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Човек од клубот објаснува која е разликата во однос на Јувентус и зошто Интер не може да се опорави.

Ни 150 милиони евра потрошени на засилувања во претходните два преодни рокови не помогнаа на Интер да се издигне над просекот.

Ќе биде ова уште една сезона за заборав во која уште повеќе ги разочараа своите навивачи…

Новите сопственици од Кина издвоија значителна сума на пари, но Интер влечи некои други лоши потези.

„Ја почнавме сезоната со ентузијазам во новата управа, со тренер кој ги помина подготовките, а тогаш недела пред почетокот на првенството го променија тренерот и доведоа стратег кој не знае ништо за италијанскиот фудбал.

Знаевме дека тоа не е паметен потег. Моравме да почнеме од почеток со план на тренинг, за повторно да почнеме со запознавање на тренер и екипа“, признава директорот на Интер Пјеро Аузилио.

Тој истакна дека Интер нема лош тим како што резултатите зборуваат.

„Сите кои сега велат дека имаме слаб тим зборуваа во пресрет на сезоната дека ќе бидеме најголема закана на Јувентус и дека имаме добар тим. Тоа го зборуваа и Алегри и Сари, и Спалети…Но ако не играме добро, тогаш тоа е ирелевантна работа“.

Меѓутоа, проблем е во атмосферата меѓу играчите.

„Не е вистина дека овие момци не тренираат напорно секој ден. Но нема тука заеднички дух…Не успееја да создадат силна група. Во различни возрасти се, националости, воспитувања…Екипата е поделена во неколку мали групи во кои многумина сакаат да мислат само за себе“.

Тоа е она што ја прави разликата во однос на Јувентус.

„Јуве е сега силен, но ќе видиме кога ќе останат без тие четворица или петмина што се рбетот на тимот и кои даваат карактер и менталитет. Такви играчи не се купуваат на пазарот. Ние така останавме без Камбијасо, Занети, Милито, Самуел…“.

Директорот на Интер ја подвлече и разликата во финансискиот капацитет.

„Денеска не е можно да се потроши 200 или 300 милиони евра во преоден рок. Новите сопственици од Кина можат на себе да си дозволат купување на Кристијано Роналдо и најдобрите на светот, но тоа не е изводливо бидејќи имаме финансиски фер-плеј. Мораме да го почитуваме селери-кеп.

 Нашите приходи се меѓу 200 и 230 милиони евра додека на Јувентус 400 милиони евра.

Пробавме да го доведеме Дибала, но понудата на Јувентус беше поголема за 20 милиони евра.

После испаѓањето во 2006 година, Јувентус работеше на специфичен модел на работа и фокусирање на унапредување на својата школа. Изгради стадион, ги подигна приходите и сега може да понуди повеќе пари на играчите“.

Доста се шпекулира  и кој ќе седне на клупата на Интер поради тоа што се нереални желбите за доаѓање на Симеоне, Конте, Покетино…

„Моаме да се соочиме со реалниот пазар бидејќи многу тренери во Атлетико, Тотенхем или Челси се зафатени со договори“.