Проклетството го стигна и Вардар, „црвено црните“ за жал без финале во Лигата на шампионите

Екипата на Вардар нема да може да го брани трофејот во Лигата на шампионите затоа што во полуфиналниот натпревар против Монпелје загуби со 28:27.

Францускиот тим ја контролираше играта во текот на целиот натпревар и воопшто не го испушти водството кое се движеше до максимум три погодоци. Вардарци не беа доволно концентрирани во одбраната, а вечерва немаа помош од голманите кои собраа едвај четири интервенции.

Порт и Гигу беа први стрелци во Монпелје, додека кај Вардар се истакнаа Борозан и Циндриќ со по шест постигнати погодоци.

Вардарци утре ќе играат со ПСЖ во натпревар за третото место, додека во финалето ќе се сретнат Нант на Кире Лазаров и Монпелје.