ПСЖ донесува „пеколно“ засилување кое може да игра во ЛШ?!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ова би бил многу паметен потег на ПСЖ.

Откако Родригез е отпишан, јасно е дека ПСЖ мора да донесе нов напаѓач, бидејќи остана само Кавани.

ПСЖ мора да купува и во јануари, Унај Емери не ги оправда очекувањата, па претстои жестока борба за титулата додека во ЛШ следува натпревар со Барселона.

Медиумите откриваат дека ПСЖ е заинтересиран за играчот на Челсу, Мичу Батшуаји.

Овој 23-годишен напаѓач нема важна улога во тимот на Конте, иако летово беше платен 40 милиони евра.

Конте сака да го донесе Љоренте, а тоа доволно зборува за довербата која ја има кон овој фудбалер.

ПСЖ сака тоа да го искористи и да го донесе овој играч во тимот, а тој исто така би можел да игра и во ЛШ, бидејќи Челси не игра во Европа оваа година.

Да потсетиме, ПСЖ оваа зима го донесе Дракслер кој исто така има право за настап во ЛШ.