ПСЖ со неверојатна продажба на дресови – Мбапе и Нејмар најпродавани!

Шампионот на Франција, ПСЖ, уште еднаш покажа дека знае да погоди со засилувања, но притоа за нив да даде вистинско богатство.

Французите пишуваат дека „Светците“ минатата сезона продале 900.000 дресови, а од тоа најмногу со имињата на Нејмар и Килијан Мбапе.

Интересно е тоа што најмногу дресови се продале во Азија, каде што на секој натпревар на турнејата стадионите беа полни, а навивачите доаѓаа со транспаренти од клубот.

Поради тоа, управата сака да го искористи моментот и да заработи дополнително, па така смислува и нов дизајн на дресот, за кој не се знае кога ќе биде готов.