ПСЖ со шест гола во мрежата на Звезда, Шалке во финишот го совлада Локомотив


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во периодот од 19 часот беа одиграни првите два натпревари од вечерашната програма од 2. коло во Лигата на шампионите.

Црвена Звезда претрпе тежок пораз во Париз со оглед на тоа што фаворизираниот ПСЖ со убедливи 6:1 славеше на „Паркот на принцовите“.

Јунак на вечерта беше Нејмар кој постигна три гола  во мрежата на белграѓани. Бразилецот погоди во 20. 22. и 81. минута.

По првиот дел „Принцовите“ водеа со 4:0. Мбапе во 70. минута зголеми на 5:0, а Марко Марин постигна утешителен погодок за Црвена Звезда. Конечниот резултат го постави Нејмар во 81. минута од средбата.

Шалке 04 во самиот финиш на „РЗД Арената“ во Москва стигна до голема победа над Локомотив Москва. Првакот на Русија беше подобар ривал, но на крајот се редуваше германскиот тим затоа што МекКени погоди во 88. минута.