„Пјаниќ никогаш не ми се допаѓал“

Миралем Пјаниќ со трансферот од Рома во Јувентус направи вистински бум во Италија. Направи добар потез за својата кариера, но меѓувреме изгуби почит на многу навивачи, како и сегашни и минати играчи на Рома.

Има и такви кои Пјаниќ не го сакале ни дур бил во Рома, а еден од нив беше Винсент Кандела. Бившиот разговор за “Рете Спорт” и не го пофали баш најмногу Босанецот.

“Искрено, Пјаниќ никогаш не ми се допадна, но ми е жал затоа што отиде во Јувентус. За мене средниот ред на Рома е најсилен во Италија и има многу квалитет”, изјави Кандела.

Да потсетиме, овој фудбалер пред неколку месеци предложи дека на Рома треба да се решат од Пјаниќ и дека на негово место би требало да пристигне поквалитетен играч.

Винсент Кандела за Рома настапуваше од 1997 до 2005 година, а во дресот за волчицата настапи на повеќе од 200 натпревари.