Работата е завршена: Шиме Врсаљко во Интер


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко најкасно утре ќе биде претставен како нов играч на Интер.

Италијанските медиуми потврдија дека е постигнат договор помеѓу Атлетико Мадрид и Интер, по кој Врсаљко ќе отиде на едногодишна позајмица со право на откуп на договорот.

Интер за доведувањето на Врсаљко со позајмица ќе плати 6.5 милиони евра, а на крајот од сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 17.5 милиони евра.

Врсаљко ќе стане трет Хрват во екипата на Интер, после Брозовиќ и Перишиќ.