Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Диего Марадона изјави дека е разочаран од Лионел Меси кој не се појави на церемонијата во Цирих на доделувањето на ФИФА наградата за најдобрите во 2016.
Никој од играчите на Барселона не се појави во тимот, а наградата за најдобар фудбалер ја освои Кристијано Роналдо.
Меси беше номиниран за играч на годината, а покрај него се очекуваше дека од Барселона ќе дојдат и Луис Суарез, Нејмар и Жерар Пике.
Меѓутоа, од таму соопштија дека никој нема да присуствува затоа што имаат важен натпревар против Билбао.
„Разочаран сум од Меси. Гледајќи телевизија од дома не може да се борите за ништо.“
„Не знам зошто Барселона не дојде на вакво важно случување. Тие имаат приоритети и приоритетот за Меси беше да не доаѓа. Мислам дека со доаѓањето во Цирих би можел повеќе да се бори за вакво нешто отколку со тоа што остана во Барселона.“