„Реал е за играчи кои се на врвот!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


По бројните шпекулации за евентуалниот трансфер во Реал мадрид конечно прозборе и Килијан Мбапе.

Тој на само 18 години доби повик во А репрезентацијата на својата земја, а во прв план на европскиот фудбал се проби благодарение на тоа што во дресот на Монако постигна 19 голови на 32 натпревари.

Листата на клубови кои го сакаат е долга, а како фаворит за него се смета Реал Мадрид.

„Моментално сум во Монако и одиме заедно, чекор по чекор. Реал е клуб за играчите кои се на врвот на кариерата, а јас уште не сум таму. Пораснав и имам луѓе околу себе кои ми помагаат да стојам цврсто на земја.“

Освен Реал Мадрид, интерес за него покажаа Барселона, Манчестер Јунајтед.