Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шокантни вести пристигнуваат од Шпанија, откако новинарот Едуардо Инда откри дека Ливерпул ќе потроши големо богатство за фудбалер на Реал Мадрид.
Јирген Клоп го сакаше Марко Асенсио минатото лето и нудел многу пари, односно Инда откри дека станувало збор за 180 милиони евра.
Сега, наводно, Ливерпул сака повторно да се обиде да го ангажира Асенсио, кој кај Сантијаго Солари го загуби местото, па предност има Дани Себаљос.
Тешко може да се каже било што, а Асенсио сака да го напушти клубот, па наводно имал и преговори со Јувентус, но и Кристијано Роналдо, кој сака да играат заедно во Серија А.
Сепак, Инда шпекулира дека Ливерпул ќе се обиде повторно со богата понуда да ја убеди управата на „кралевите“ да го пушти Асенсио кај нив.