„Ривалите од топ 4 ќе ни побегнат!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо вели дека добрите резултати на неговиот тим донесоа и некоја лоша страна, Јунајтед е во серија од 16 натпревари без пораз во ПЛ и на бод од место кое води во квалификациите за ЛШ.

Сепак, Јунајтед во наредниот период има обврски во двата купови, како и ЛЕ, па поради распоредот, нивните ривали повторно ќе имаат шанса да направат предност на табелата.

„Ќе ни побегнат. Останатите тимови ќе освојуваат бодови и ќе ни побегнат. Не мислам дека е лесно да се бориме на толку многу фронтови. Нашата ситуација не е лесна, но мора да уживаме, бидејќи играме фудбал за да играме важни натпревари.“