Рома и Дортмунд во борба за играч на Сампдорија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Скаутите веќе ги резервираа своите места на трибините.

Играчот за врска на Сампдорија, Керол Линети се наоѓа на мета на големите европски тимови, а се очекува да добие голем број понуди во лето.

Станува збор за играч кој има само 22 години и кој оваа сезона излезе во прв план.

Тој има 13 настапи за репрезентацијата, а претходното лето стигна од Лех од Позњан за 3.2 милиони евра.

Цената многу му се зголеми затоа што игра во Серија А, а за него најмногу пари се подготвени да одвојат Рома и Дортмунд.

Скаутите на двата тимови ќе продолжат да го следат до крајот на сезоната, а ќе видиме дали тој ќе заврши во еден од овие 2 тимови.