Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Рома во наредните денови ќе добие нов тренер.
Откако Спалети одлучи да се повлече од клубот по сезона и пол, многу познати имиња се поврзуваа со тимот од Рим. На крајот работата ја доби Еусебио Ди Франческо, актуелниот тренер на Сасуоло.
Овој 47-годишен тренер ќе биде нов тренер на Рома и ќе биде претставен во наредната недела, откако ќе заврши сезоната во Серија А.
Рома за услугите на новиот тренер ќе треба да плати 5 милиони евра на Сасуоло, а тој ќе се врати во тимот со кој во 1999 година го освои Скудетото.