Рома најде тренер, следува договор на 3 години!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Изгледа дека се е јасно, Спалети заминува, а заврши се како што сакаа навивачите.

Мончи утрово потврди дека стигнува во Рома, а изгледа дека го убеди и Емери.

Медиумите пишуваат дека тој ќе го превземе тимот и дека ќе потпише договор на 3 години.

Тој повторно сака да соработува со Мончи, а иако има договор со ПСЖ, изгледа сака да го напушти Париз.

Ако не ја освои титулата, јасно е дека би можел да добие и отказ.

Секако, ќе каже тимот на ПСЖ, но реално ако Емери сака да замине, тие нема да го сопрат.

Тие тврдат дека ќе бараат од него да остане уште една сезона, но лоши се резултатите, па можно е да се сменат односите.

Поради тоа заминувањето во Рома е јасно, каде заедно со Мончи ќе пробаат да го повторат успехот од Севиља.