Роналдо во Мадрид, страв за својата безбедност!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вечерва ќе биде во тимот на Јуве против Киево во последниот меч од 20. коло во Серија А, а веднаш потоа ќе патува за Мадрид.

Во прашање е судскиот процес кој се води поради тужба за затајување на данок од 2011. до 2014. Португалецот се договори со судот, ќе плати околу 18 милиони евра и ќе добие условна казна за затвор од две години.

Но, утре мора да се појави на судот за да биде ставена точка на целиот случај.

Кристијано барал да се отстранат преставниците на медиумите, но и побарал да не влезе преку главниот влез. Неговиот адвокат ја пренесе загриженоста за безбедноста во Мадрид и Португалецот практично сака да влезе од другата страна без камери и навивачи.

Меѓутоа, судот тоа го одби, но стигна ново бараше, во пишана форма.

Роналдо сака да ги избегне медиумите, но и навредите на навивачите кои ќе бидат пред судот, еден дел од нив смета дека тој го предал Реал, иако многумина веруваат во верзијата дека тој бил натеран да си оди, затоа што Перез не го исполнил своето ветување за зголемување на договорот после триумфот над Јувентс во Кардиф.