Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црногорскиот фудбалер Стеван Јоветиќ судејќи според се во наредните денови ќе ги напушти редовите на Интер.
Јоветиќ во Интер стигна во летото 2015 година од Манчестер Сити, но не успеа да ги исполни очекувањата во италијанскиот клуб.
Црногорецот вчера за медиумите изјави дека никогаш не добил вистинска шанса во Интер што ги налути челниците на клубот.
Иако речиси сигурно својата кариера ќе ја продолжи во Севиња пред тоа ќе биде жестоко казнет од страна на италијанскиот клуб.
Од Интер порачаа дека Јоветиќ не доби дозвола за интервју, и дека ќе биде парично казнет.
Неговиот трансфер во шпанскиот клуб треба да биде завршен за неколку дена, но од Интер порачаа дека Јоветиќ немаше право да зборува дека не добил шанса за докажување.
Црногорскиот фудбалер во оваа сезона одигра само 69 минути во италијанската Серија А, а во последно време мечевите ги следеше од трибините.