„Санчез и Озил ќе останат во Арсенал!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер изјави дека Арсенал нема намера да ги продаде Санчез и Озил.

Тие двајца остануваат без договор на крајот на наредната година, а се шпекулира дека тие ќе заминат ова лето за одредена сума или наредното лето би заминале бесплатно.

„Сите во клубот ќе останат и се надевам дека ќе ги продолжат договорите. Не можеме да го ослабиме тимот. Ние сакам да го засилиме тимот. Единствено ако најдеме играчи со ист квалитет и тие ако сакаат да заминат, тогаш ќе заминат.“

„Ние сме сконцентрирани да го задржиме истиот тим и да донесеме уште некое засилување. Кога ќе потпишеш договор, ветуваш дека до последниот ден од договорот ќе дадеш се од себе.“