Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домот на Јунајтед утрово го зафати пожар.
Тој рано утрово ја зафати трибината „Сер Боби Чарлтон“, а пожарникарите брзо реагираа.
Огнот беше изгасен и бил прегледан цел стадион за да не дојде повторно до пожар.
Луѓето кои живеат во близина на стадионот успеаа да направат фотографија. Тие утрово околу 7 часот го слушнале противпожарниот аларм, а потоа бил виден и дим.
„Три тимови на пожарникари стигнаа на стадионот. Успеавме да го изолираме пожарот и да спречиме ширење. Сеуште сме на местото на случување и го проверуваме стадионот.“
Уште не е позната вистинската причина за пожарот и колкава штета е направена.