„Се надевам дека ќе останам“

Како гром од ведро небо пристигна информациајта дека Барселона нема намера да го продолжи договорот со Андрес Иниеста

Веднаш се јави Јувентус, кој силно сака да го доведе, а тука секако е и Манчестер Сити од Пеп Гвардиола. Но, самиот играч изрази желба дека сака да остане во Каталонија до крајот на неговата кариера.

Договорот со Барса му важи до 2018. година, а се уште нема информација за тоа дали, вусшност и ќе добие понуда за продолжување на соработката.

„Се надевам дека ќе останам. Тоа е мојата желба долго време. Кога почнувате, никогаш не знаете каде ќе ве одведе. Како што работите стануваат посериозни и не можам да се надевам на крај на кариерата во овој клуб“, изјави Иниеста.