„Се надевам дека ќе ја освојам титулата како тренер на Рома“

Даниеле Де Роси сеуште не го продолжил договорот со Рома кој му завршува  на крајот на оваа сезона.

Преговорите на овој фудбалер и Рома веќе траат некое време, но сеуште нема договор. Медиумите пишуваат дека не е невозможно Де Роси на крајот на сезоната да замине во нов клуб.

Овој искусен 33- годишен фудбалер веќе размислува за завршување на кариерата, па откри дека најголема желба му е во иднина да биде тренер. Де Роси се надева дека ќе освои нешто, затоа што во кариерата со Рома не освои ништо.

„Да се биде тренер е најдобрата работа на светот, а воедно и најтешка. Можам само да ги замислам сопругите на тренерите што поминуваат се, затоа што живеат за фудбалот цел живот. Би било одлично кога би бил тренер на Рома и кога би освоил некој трофеј.“