Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Лестер го победија Ливерпул на Кинг Пауер во натпревар од 26-то коло во ПЛ, 3:1.
Мињоле уште на почетокот на натпреварот имаше работа на голот. Оказаки опасно се закани со глава, но белгиецот го спаси Ливерпул.
Во 28-ма минута Џејми Варди ја затресе мрежата на Мињоле за водство на Лестер.
Неколку минути подоцна Дринквотер постигна фантастичен погодок за зголемување на водството на лисиците. До крајот на првото полувреме Ливерпул имаше шанса преку Чан чиј шут беше одбранет од Шмајхел.
После еден час игра на Кинг Пауер, домашните го постигнаа и третиот погодок во мрежата на црвените. Варди со глава го постигна неговиот втор погодок на денешниот натпревар.
Конечните 3:1 ги постави Филипе Кутињо кој го ублажи поразот на црвените.
После денешната победа Лестер се искачи на петнаесетата позиција, а Ливерпул ќе остане на петата позиција и само еден бод повеќе од шестопласираниот Манчестер Јунајтед.