Секоја чест: Сенегалците останаа на трибините да го исчистат ѓубрето


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Селекцијата на Сенегал вчера во првото коло во групната фаза ја совладаа Полска со 2:1.

Сенегалците направија голем чекор кон нокаут фазата и покажаа дека имаат квалитет да се носат со големите противници.

Оваа селекција имаше и голема поддршка од трибините. Сенегалците исто така ги воодушевија сите после завшрувањето на натпреварот.

Имено, скоро сите навивачи останаа на трибините цел час откако заврши натпреварот за да го исчистат ѓубрето кое го оставија позади нив.

Тоа ги изненади вработените во стадионот, кои имаа помалку работа. Потегот е навистина за почит.