Серена Вилијамс поради повреда го напушти Мајами


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусната американска тенисерка Серена Вилијамс се повлече од Мастерсот во Мајами поради повреда.

Серена ја мачи коленото, па реши да го напушти турнирот во Калифорнија, со што „израдува“ многу тенисерки, кои имаат за цел да го освојат Мастерсот во Мајами.

Таа последен пат во Мајами славеше во 2015 година, а досега осум пати беше најдобра пред публиката во тој град.

Пред две недели Серена се повлече од третото коло во Индијан Велс, а тогаш причина беше големиот замор.

„Разочарана сум со повлекувањето од Мајами Опен поради повреда на левото колено. Беше неверојатно искуство да се игра тука годинава и сакам да ви се заблагодарам за добрата организација. Се надевам дека ќе се вратам наредната година“, вели Серена.