Спалети: Пасторе има поголема плата од цел наш тим!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Интер, Лучијано Спалети за италијанските медиуми зборуваше за причините поради кои Хавиер Пасторе оваа зима не пристигнал во Милано.

Од стартот на преодниот рок се шпекулираше дека Пасторе ќе го замени ПСЖ со Интер, но според зборовите на тренерот до договор не дошло поради големата плата на Аргентинецот.

„Никогаш не сум зборувал за Пасторе. Не е возможно да го донесеме затоа што постојат големи разлики во платите. Доколку сакате да донесете играч како што е Пасторе, кој заработува повеќе од цел наш тим, мора прво да погледнете во бројките“, вели Спалети.