„Среќен сум што изгубивме!“

Играчот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин ја „спушти топката“ по караницата со Дурант во текот на натпреварот со Мемфис.

Голден Стејт изгубија од Мемфис со 24 поени разлика, а следеше и караница помеѓу Дурант и Грин.

„Нашиот напад во последната ¼-на беше катастрофален. Сепак, не ми е гајле, всушносст среќен сум што изгубивме, бидејќи е потребно да поправиме некои работи за да ја освоиме титулата.“

Слична констатација имаше и Кевин Дурант.

„Очигледно е дека пред нас постои долг пат и дека учиме едни од други.“

Голден Стет се први на Западот со резултат 31-6.