Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус на средбата против Џенова успеа да победи со и да стигне до нови три бодови, а со тоа да остане во жестоката битка со Наполи на врвот во Серија А.
Во првиот дел од натпреварот видовме целосна доминација на домашниот тим, кој успеа да стигне до водство во 16 минута, откако Манџукиќ му асистираше на Коста за 1:0. Мора да се каже дека гостите од Џенова имаа поразителна статистика и имаа само 1 удар кон голот на Јувентус и тоа надвор од рамките на голот.
До крајот на натпреварот продолжи доминацијата на Јувентус и тие создадоа уште неколку шанси, но не успеаа да реализираат додека Џенова имаше само два удара во вторите 45 минути, односно само три шанси и тоа ниту една во рамките на голот во цел натпревар.