Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Редот за врска на Јувентус би можел да биде засилен во скоро време.
Јувентус нуди 2 милиони евра на Волфсбург да го пуштат Луис Густаво на позајмица до крајот на сезоната.
Тоа не е се, Јуве би го откупил фудбалерот за 15 милиони евра во лето доколку до тогаш тој успеа да се вклопи во тимот.
Сепак, тоа на германскиот тим не му одговара, а ги интересира продажбата без било каква позајмица.
Луис Густаво е во најдобрите години, има 29, а во БЛ игра скоро една деценија.
Хофенхајм го донесе од Бразил во 2007 година, а пред Волфсбург, тој играше за Баерн Минхен.
Со нив освои ЛШ, БЛ, германски куп и Суперкуп, а со Волфсбург само куп и Суперкуп.
За Бразил одигра 41 натпревар и постигна 3 голови.