Статистиката не греши: Челси сигурно ќе биде шампион!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Се случи 4 пати досега и не беше погрешно, ако ја погледнете историјата, Челси сигурно ќе биде новиот шампион на Англија.

Прв пат лидерот на табелата во ПЛ кој имаше над 40 бодови беше Манчестер Јунајтед. На крајот на сезоната, тие беа први и тоа убедливо, со осум бодови предност во однос на Блекбурн.

Потоа Челси по 16 кола во 2005 имаше 43 бодови, а на крајот повторно истиот резултат, шампиони и тоа со големи осум бодови предност пред Манчестер Јунајтед.

Наредната година Манчестер Јунајтед го врати ударот, во овој период од годината имаше 41 бод, а на крајот беа шампиони со 6 бодови предност во однос на Челси.

И последниот пример беше во 2011 година, Манчестер Сити исто така имаше 41 бод, но овој пат беше тесно, Агуеро со гол во последните моменти во последното коло ја донесе титулата.

Сега Челси има 40 бодови, а ако ја гледам историјата, тие би биле сигурно шампиони.