Стоп за Вардар од Копенхаген


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимот на Вардар ги заврши настапите во квалификациите од Лигата на Шампионите откако во третото коло во возвратниот натпревар беа поразени од данскиот шампион, Копенхаген.

Вардарци не успеаја да ја сочуваат минималната предност стекната на првиот натпревар во Скопје (1:0) и со високи 4:1 беа поразени на гостувањето кај Копенхаген.

Вардар имаше активен резултат по првите 45 минути кога на одмор се замина со предност на домашниот тим од 2:1. Сепак овој резултат одговараше за „црвено црните“ со оглед на фактот што нашиот претставник постигна гол во гости.

Уште една навидум олеснителна околност за нашиот тим се случи во  71. минута кога стрелецот на првиот гол Грегуш заработи втор жолт картон и мораше да ја напушти играта. Сепак тоа како да им даде мотив плус на Данците и со погодоците на Сантандер во 75 минута и Сотириу од пенал во 88 минута Копенхаген обезбеди пласман во плеј офот од Лигата на Шампионите.