Строго доверливо – Венгер одлучи, ова е новиот Арсенал!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Атмосферата нема да биде тешко да се замисли…

Победата против Линколн во ФА купот сигурно не го смени мислењето на навивачите за Венгер, а тој и понатаму е соочен со протести, иако извори блиски до клубот тврдат дека тој многу не е заинтересиран на тоа.

Тој во овој момент е поблиску до тоа да остане во тимот и да бара нови засилувања и прави тим за наредната сезона.

Тој има рок до март да одговори, ако потпише нов договор, дури и да остане надвор од топ 4 не е реално да се очекува да го напушти тимот.

Тоа што се знае е дека Санчез заминување и дека Венгер мора да бара негова замена.

Сега нема повеќе прашања за пари туку фактот дека Чилеанецот не е доволно мотивиран и има проблеми со тренерот и соиграчите.

Но тешко дека може да добие дозвола да замине во некој друг клуб во ПЛ, во овој момент најреално е да се пресели во ПСЖ.

Што се однесува до Озил, тој ќе прифати нов договор, а останува незадоволниот Чемберлејн на кој ќе му биде понуден нов договор.

Од сегашните играчи, најверојатно заминуваат Гибс, Венгер за него го гледа Мехди како замена.

Но основно прашање е кој ќе го замени Санчез. Во клубот се свесни дека можат тешко да стигнат до некои мети, Мората е поблиску до Челси, Обамејанг ќе оди во Реал, а Мбапе е мета на клубови кои можат да платат повеќе.

Тоа дополнително ги обесхрабри навивачите затоа што пораката на Венгер е да продолжи по истиот пат и тешко може да се очекува дека ќе стигне голема ѕвезда.

Јасно, Арсенал ќе бара некоја шанса во текот на летото, да речеме ако Реал не успее да ја прекине забраната за трансфери, би можеле да го донесат Обамејанг, но за тоа ќе мора да почекаме до лето.