Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Франција и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Погба би можел да го промени својот клуб ова лето.
Италјанскиот Туттоспорт утрово објави дека Барселона на таен состанок во Беверли Хилс во Лос Анџелес започнала преговори со Погба.
Наводно, состанокот со Погба го одржал Ерик Абидал, а новинарот Рафаел Диверс тврди дека Абидал заминал во САД само поради состанок со играчот за врска на Јунајтед.
Абидал инсистирал да се најде со Погба во приватна вила како би разговарале надвор од очите на јавноста. Добил позитивен одговор од 25 годишниот фудбалер кој сака да го напушти Манчестер Јунајтед.
Неговиот однос со Жозе Мурињо е навистина лош. Тој нема намера да помине уште една сезона на Олд Трафор и секако во наредните денови се очекува понуда од Каталонскиот великан на адреса на Манчестер Јунајтед.
Покрај Барса интерес за Погба покажа и Јувентус. Тимот од Торино навистина сакаше да го врати Погба во своите редови, но тие не го продадоа Пјаниќ па овој трансфер не е возможен и така Погба е многу блиску до Ноу Камп.
Францускиот фудбалер пристигна во Јунајтед во 2016 година за 105 милиони евра. Сепак, на Театарот на соништата ништо значајно не направи и многу малку фали за да го видиме од следната сезона во дресот на Барселона.