До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Навивачите на Манчестер Јунајтед се навикнаа дека најверојатно ќе изгубат на тешко гостување во последните година ипол.
Португалскиот тренер Жозе Мурињо е познат по својата дефанзивна тактика на тешките гостувања, а во минатото тоа носеше резултат и неговите екипи успеваа да се одбранат од налетите на противникот.
Сепак, откако премина во Јунајтед, тоа не функционира повеќе. Неговата тактика не донесува никакви резултати во последо време, а поразителна е статистиката на Мурињо на тешките гостувања.
Против Сити, Челси, Ливерпул и Тотенхем одигра вкупно осум натпревари и не победи ниту еднаш, а притоа неговата екипа постигна само еден гол.
Освен тоа, на последните десет гостински натпревари против тимовите кои во моментот биле помеѓу шестте најдобри на табелата, тимот на Мурињо не успеа ниту еднаш да победи и освои само четири бодови.









