Талентот на Манчестер Јунајтед на позајмица во Валенсија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Валенсија и Манчестер Јунајтед се договориле за трансферот на младиот фудбалер, Андреас Переира.

„Црвените Ѓаволи“ ќе го испратат младиот Бразилец на едногодишна позајмица во редовите на Валенсија откако Мурињо се согласил да го прати Переира уште една сезона на калење во Ла Лига.

Минатата сезона Переира беше на позајмица во редовите на Гранада и беше еден од најдобрите играчи на тимот, но за жал не успеа да го спаси од испаѓање во втората лига.